Довициозо во трката на кариерата во последните метри стигна до победата во Јапонија

744

Утрово во Јапонија, во рамките на Мото ГП шампионатот се одржа мошне интересна и до крај неизвесна трка.

Во еден од најдобрите трки во кариерата, Андреа Довициозо од Дукати стигна до победата откако неколку метри пред целта го пристигна  актуелниот првак Марк Маркез.

За италијанскиот возач ова беше петта сезонска победа, но сигурно најмила. Во последните три круга гледавме неверојатна борба помеѓу Довициозо и Маркез кои како на филмска лента се менуваа на лидерското место.

Во последниот круг се чинеше дека се е готово кога Шпанецот направи предност, но во еден момент му се случи грешка која го чинеше победа. Сето тоа стрпливо го следеше Довициозо кој тргна во напад во самиот финиш и во 11 кривина го престигна Маркез.

Во генералниот пласман први понатаму е Маркез кој сега има 244 бода, но сега Довициозо му се приближи и има само 11 бода заостанување.