Директорот на ПСЖ до ракометарите: Гонзалез е ваш тренер од идната сезона!

2109

Денешниот тренинг на францускиот првак ПСЖ започнал доста интересно, говорат нашите информации.

Како што дознаваме од мошне сигурни извори, директорот на клубот имал обраќање пред екипата и им соопштил една многу битна вест. Тоа е дека од идната сезона нов тренер на екипата ќе биде досегашниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез со кого во текот на вчерашниот ден е потпишан договор.

Иако од Вардар и самиот Гонзалез мудро молчат, се чиние дека оваа е добра потврда дека работата веќе е готова.