Димитријевиќ е перспектива на Хувентуд: Македонецот потпиша долгогодишен договор

572

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ игра одлично во редовите на Хувентуд, клубот кој реши да го задржи перспективниот играч до 2021 година.

Димитријевиќ со своите игри си го купи буквално своето место во Хувентуд до 2021 година, тој за нив ќе игра уште четири сезони.

Младиот 19 годишен играч имаше добар почеток во Шпанија, а тоа очигледно им се допадна на луѓето од шпанскиот клуб, кој не сакаа да калкулираат и веднаш го задржаа во свои редови.

Сезонава младиот Димитријевиќ има просек од скоро 5 поени по натпревар, што е одлична увертира за некоја добра кариера во иднина.