Дивац во Сакраменто Кингс го донесе летечкиот ветеран од НБА

778

Генералниот менаџер на Сакраменто Кингс, Владе Дивац, од ден во ден продолжува од сите страни да го засилува ростерот на „кралевите“ за претстојната сезона во НБА.

По одличниот избор на неодамнешниот драфт, односно со доаѓањето на Зек Рендолф и Џорџ Хил од Мемфис Гризлис, сега во клубот доаѓа и легендарниот Винс Картер.

Неуништливиот ветеран, кој и понатаму игра кошарка, иако многумина веруваа дека на овие години тој веќе длабоко ќе беше во кошаркарска пензија.

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, летечниот „Ер Картер“ како што го нарекуваа, минатата сезона бележеше по 8 поени, 3 скока и нешто помалку од 2 асистенции по натпреварот за 25 минути во просек на секој натпревар.