Дибиров прокоцка победа за Вардар, но европскиот првак и понатаму непоразен

570

Актуелниот европски и македонски ракометен првак, Вардар и по 4. меч од ЛШ останува непоразен по ремито со ПИК Сегед (26-26). „Црвено-црните“ дури и може да жалат со оглед на тоа што на 20 секунди пред крајот на мечот Дибиров промаш контра. Но ако се има предвид дека нашиот претставник во најголем дел беше негатива, па и овој резултат е добар.

Вардар првпат на мечот поведе преку Кристопанс за 2-3 во 7. минута а водеше се до 12. минута (4-5). Од тогаш во постојана предност беше домаќинот кој на пауза замина со минимална предност од 14-13.

Во вториот дел Вардар стигна до ново израмнување 15-15, но во продолжение ПИК Сегед преку Скубе поведе со +3 (19-16). На ова „црвено-црните“ возвратија со серија од 4-1 и израмнија на 20-20.

Мечот во финишот во последните десет минути се влезе во израмнета игра гол за гол.Во финишот домаќините имаа и + 3 (23-21), но Вардар стигна до израмнување, па дури имаше и зицер за победа, но контрата не ја реализира Дибиров па мечот заврши нерешено (26-26).

Борозан со 8 гола беше прво име кај Вардар, а еден помалку, 7 даде Циндирќ. Кај домаќинот со 5 гола најефикасен беше Бунтиќ