Де Геа си постави нова цел: Нема да запрам, се додека…

4859

Воопшто не е спорно и дискутабилно дека Давид Де Геа еден од најдобрите голмани во Европа овој момент, ако не и најдобар, но тој има своја цел пред себе, која си ја постави за остварување.

Голманот на Јунајтед и на мечот против Базел во ЛШ имаше една фантастична одбрана, каде спречи сигурен гол на гостите од Швајцарија.

Но шпанскиот голман си стави сам на себе притисок и цел која планира да ја оствари.

Секогаш сакам да бидам најдобар, на тренинзите давам максимум од себе, работам напорно за да бидам најдобар светски голман. Не знам кој голман го сметаат за најдобар во моментов, но тоа е јас што го сакам, да бидам пред сите, најдобар. Сите голмани во Јунајтед, Серхио и Џоел, тренираат заедно со мене, и даваме максимум за подобри резултати. Се чувствувам моќно и силно, со голема самодоверба, нема да застанам додека не бидам најдобар голман на планетата“, потенцира Де Геа.

За овој голман во минатото се врзуваа низа на шпекулации дека ќе премине во Реал, и за волја на вистината, тоа беше блиску до реализација, но сплетот на околности го остави во Манчестер Јунајтед.