Дејан Недев – Најдобриот македонски каратист на сите времиња

275

Најдобриот и најуспешниот македонски каратист на сите времиња, Дејан Недев, светски првак во фуку-го, светски првак во обединето карате и светски првак во кати.

Кога вие започнавте да вежбате карате, како се одлучивте за овој спорт?

ДН: Започнав да вежбам многу млад од својата 5 година во салата на Карате клуб Работнички, карате спортот во моето семејство беше неизбежно бидејќи мојот татко беше 24/7 окупиран само со карате, па така не само јас туку и мојот брат Аљоша и сестра ми Јадранка сите заедно започнавме да вежбаме под надзор на нашиот татко Венцислав Недев кој е основоположник на Карате клубот Работнички и Македонската традиционална карате федерација и карате тренер на векот во Р. Македонија.

По што е препознатлива карате вештината?

ДН: Каратето е пред се вештина, а потоа спорт. Процентуално 80% е вештина а само 20% е спорт, познато е во светот дека постојат три типови на карате традиционално или (изворно карате) кое јас го практикувам потоа контакно карате и модерно карате. Од сите овие типови традиционалното карате е најкомплексно, најсложено и најкомплетно бидејќи е најусовршено не само во споредба до другите два типа на карате (модерно и контакно) туку воопшто од сите боречки вештини и спортови. Зошто е тоа така, бидејќи традиционалното карате се базира односно сите ударо, блокови и двишења се изведуваат со комлетно цело тело со максимална контракција на сите мускули на телото во завршна фаза па затоа сите удари и блокови во каратето се многу силни, брзи и прецизни но истовремено сите тие силни удари мора да се контролираат кога се работи за спорт или натпревар. Ударите и блоковите во каратето се изведуваат со сите испакнати делови на телото со: раце, нозе, прсти лакти, колена, пета, глава и итн. Но сите опасни удар пред се ударите со отворена рака или прсти и ударите со лакт, колено и глава се исфрлени од употреба и се забранети да се користат на натпреварите за да не дојде до посериозна повреда.

Каде ги одржувате тренинзите?

ДН: Тренинзите се одржуваат во нашите два карате центри и тоа *Карате Центарот Работнички* кој е најстар и прв официјално регистиран карате клуб во нашата држава кој се наоѓа во населба капиштец и *Будо центарот за карате Недеви* кој се наоѓа во Кисела Вода. Тренинзите се одвиваат секој работен ден од 18.00 часот.

Ајде да објасниме како изгледа еден ваш тренинг?

ДН: Па добро во зависност доколку се подготвувам за некој натпревар тренинзите се доста напорни и еден период од два до три месеци тренинзите се одвиваат и два пати дневно. Овие тренинзи се состојат од кондициски вежби, специфични вежби кој се неопходни за развивање и зголемување на експлозивната сила и брзината на изведување на ударите со раце и нозе и движењата во напад и во полекување во слобдната борба. Исто така подеднакво се работат и другите напреварувачки дисциплини како катите поединечно и екипно за кој вложуваме многу труд и работа бидејќи за да една ката биде изведена до перфекција мора да се внимава на повеќе работи на: чистина на ставовите во катата, изведени прецизни удари и блокови, ритам на катата, при зиведување на секое движење во карате треба да се направи максимална котракција на мускулатурата на телото и максимален потисок на подот на секоја изведена техника во катата, на држење на телото и секако на завршната или крајната позиција на катата или на јапонски (енбусен).

Во екипниот дел катата се изведува синхронизирано со тројца каратисти кој подоцна изведуваат апликација на катата или бункај каде се објаснуваат сите оние удари и блокови кој се сосотојат во една ката така што двајцата каратисти од истата екипа го напаѓаат цело време капитенот на екипата а тој се брани и задава контра удари кој се дел од катата. Исто така ен-бу дисциплината или кореографија на договорена борба каде се изведуваат и демонстрираат сите оние опасни удар кој што се исфрлени од слободната борба. Тука се застапени и падови и фрлања кој се комбинираат заедно со опасните техники кој се изведуваат максимално брзо и силно и со максимална контрола. Вежбата трае од 55 секунди до 65 секунди. И фукуго дисциплината која е комбинација на ката и борба каде се работи една универзална ката која се вика Китеи и која преставува синтеза на удари и блокови од повеќе карате стилови, оваа ката ја направи Сенсеи Хидетака Нишијама кој е творец на традиционалното карате и најголем карате ум во светот. Значи на еден тренинг ги работиме сите овие натпреварувачки дисциплини затоа што кај нас сите натпреварувачи мораат подеднакво да ги работат и владеат сите дисциплини за да станат комплетни каратисти.

Кој се може да тренира карате и дали постои возрасна граница?

ДН: Секој што физички и психички е здрав може да тренира карате без оглед на својата возраст, а најдобро е да се започне на 5-6 годишна возраст.

Што е врвот во каратето, кое ниво е највисоко?

ДН: Значи на спортски план тоа е секако освојување на златен медал на едно европско или светско првенство, а од скоро и на олимписки игри, а како тренер или инструктор да стигнеш до највисокото карате признание е црн појас 10 дан.

Колку е важна исхраната за подготвеноста на еден добар каратист?

ДН: Како и во секој спорт така и во каратето здравата исхрана и режимот е еден од најважните сегменти за постигнување на врвни спортски резултати.

Колку треба да се вежба кога е во тек на некоја подготовка за натпреварување?

ДН: Па реков и во некое од предходните прашања на едно големо напреварување потребно е најмалку 6 месеци да има континуирани тренинзи а последните 2-3 месеци и по два тренинга дневно.

Дали има иновации во карате спортот?

ДН: Секогаш имало и ќе има иновации, ние секоја година учествуваме на многу карате семинари низ цела Европа каде инструктори и предавачи се врвни јапонски карате инструктори.

Колку е безбедна оваа боречка вештина од аспект на повреди во борби?

ДН: Традиционалното карате е еден од најбезбедните спортови бидејќи натпреварувачките правила се строги и максимално издеференцирани и усовршени.

Каратето се смета за машки спорт, но како поминува времето се повеќе девојчиња го сакаат овој спорт и редат големи резултати?

ДН: Да во моментов во нашите центри има повеќе заинтересираност кај женскиот пол бидејќи каратето е спорт од кој има многу придобивки.

Како се подготвувате пред секое натпреварување, претпоставувам има откажувања од некои работи?

Резултатите кој што ги постигнуваме во континуитет со години не се случајни, за да постигнеш врни резултати потребна е голема посветеност, труд и работа и откажувања од многу убави нешта што ги пружа животот но од друга страна чуството кога ќе освоиш медал на некое големо натпреварување е неописливо.

Колку титули досега имате освоено во кариерата?

Како јуниор и кадет имам освоебно десетина европски титули, а во сениорска конкуреција имам освоено три европски титули и една светска тутула.

Да ги издвоиме натпреварите кои се позначајни за вас?

ДН: 2016 Европски шампион во кати и борби на ЕП во Крањска Гора, Словенија.
2016 Медитерански шампион во кати во Лимасол, Кипар,
2015 Светски шампион во фукуго на СП во Копер, Словенија,
2014 Светски вицешампион во кати и кумите на СП во Каиро, Египет.
2011 Европски шампион во кумите на ЕП во Ерусалим, Израел,
2006 Светски вицешампион во фукуго на СП во Саскатон, Канада,
2005 Европски шампион во фукуго на ЕП во Белград, Србија,
2004 Европски вицешампион во фукуго и кумите тим на ЕП во Скопје,
2002 Европски вицешампион во фукуго на ЕП во Москва,Русија,
2002 Светски вицешампион во кумите тим на СП во Белград, Србија,
2001 Европски јуниорски шампион во кумите на ЕП во Порто, Португалија,
2000 Бронзен медал во кумите тим и енбу на СП во Болоња, Италија,
1998 Европски јуниорски шампион во кати, енбу и фукуго на ЕП во Скопје.
1997 Европски јуниорски шампион во кати и кумите на ЕП во Будва,
1995 Европски кадетски шампион во фукуго на ЕП во Скопје.

Често учествувате на натпреварувања, европски и светски првенства. Значи ли тоа дека имаме добро подготвени репрезентативци?

ДН: Да, ние од секогаш сме имале квалитетни натпреварувачи во сите возрасни категории затоа што имаме континуитет и традиција веќе 50 години, имаме совршени услови за тренинг и работа е секогаш сме ги следеле светските трендови.

Дали овие медали се врвот во кариерата на Дејан Недев?

ДН: Па да може да се каже дека имам освоено се што може да посака еден врвен спортист, жално е што толку касно каратето сега стана олимписки спорт по 50 години постоење како спорт. Моја желба е еден ден да настапам и на олимписки игри, следната олимпијада е во Токио 2020 година каде каратето за прв пат ќе биде застапено на програмата, но јас тогаш ќе имам полни 40 години и ќе сум на залез на мојата кариера, а конкуренцијата ќе биде многу силна, неможам ништо да ветам уште сега, но доколку имам можност и сум до тогаш активен како натпреварувач секако дека би сакал да настапам и да освојам медал и на олимпијадата во Токио за 3 години.

Вие сте носител на највисокото национално спортско признание популарната „спортска пензија“.

ДН: Да точно во 2012 година од страна на АМС ми беше доделено ова највисоко признание за кое сум многу благодарен.

За оние кои се во дилема дали да започнат да вежбаат карате или некој друг вид на спорт, кои се придобивките од каратето?

ДН: Нека не се двоумат и нека започнат веднаш да тренираат карате бидејќи преку каратето ќе станат здрави, силни, сигурни и способни луѓе со еден збор комплетни личности.

Што е следно сега, за што ќе се подготвувате во следниот период ќе ги браните ли светските титули и каде?

ДН: Да тоа ми е во план да го направам оваа година на Светскиот шампионат во Монтекатини, Италија кое ќе се одржи во Октомври месец.

Извор: Македонија Денес – http://makedonijadenes.com.mk/video-intervju-so-dejan-nedev-najuspeshniot-makedonski-karatist-na-site-vremina/

loading...