Дербито со Манчестер Јунајтед може да му пресуди на Клоп

981

Кога Јирген Клоп пол со ентузијазам и харизма го презема Ливерпул сите сметаа дека тој е вистинскиот кој ќе го врати клубот на врвот од англискиот фудбал.

Во меѓувреме резултатите кои ги постигнува екипата под неговата палка, повеќе го говорат спротивното.

Се чини дека тој е повеќе разочарување отколку погодок, па не е ни чудо исходот од дерби мечот со Манчестер Јунајтед утре да биде пресуден за неговата иднина.

Мурињо доаѓа со Јунајтед утре на “Енфилд“ со цел да ја задржи позитивната серија во која неговиот тим нема пораз сеуште од почетокот на сезоната во Премиер лигата.

 

 

Од друга страна Ливерпул во моментов е седми на табелата, со десет поени заостанување од лидерот Јунајтед и доколку утре биде поразен јасно е дека ќе ги загуби шансите за титулата во Англија.

Неуспех ќе значи и израмување за Клоп со лошата серија на Брендон Роџерс кој е рекордер на “црвените“ по лошите резултати во серија вогодината кога го превдодеше тимот и беше отпуштен.

Сегашниот тренер на Селтик, своевртемено доби отказ по ремито со Евертон (1-1), што беше недоволно за челниците на клубот бидејќи Ливерпул имаше само 12 поени по осум одиграни меча, нешто што би можело утре исто да му се случи на Клоп.

Германецот го донесе тимот до финалето на две куп натпреврувања и го врати тимот во Лигата на шампуиони, но тоа не е доволно за првите луѓе на клубот.

 

50-годишниот стратег не се покажа многу ниту на трансфер пазарот. Ливерпул за малку ќе потпишеше со Вирџил ван Дајк ова лето, што ќе беше решение за нивните проблеми, но обидот не се реализираше.

 

Има уште неколку пропусти во играчкиот кадар, поради кои можеби и затоа Клоп при доаѓањето на Енфил се пошегува дека тој е “нормалниот“ и по ништо не е посебен. Неговата изјава утре би можела да стане иронична шега, доколку “специјалниот“ со неговиот Манчестер Јунајтед му нанесе пораз на Ливепрул и тоа пред неговата публика.