Денот кога Шумахер го доби статусот „Rainmaster“ (Видео)

1062

Минаа точни 21 година од првата победа на Михаел Шумахер во тимот на Ферари. Тоа беше остварено на денешен ден 1996 година, кога возачот и новодојденецот во црвен комбинезон, за прв пат се искачи на највисокото скалило со Ферари.

По двете врзани титули во Рено Бенетон, Михаел Шумахер реши дека е време за нов предизвик, и тоа во екипата на Ферари, во која подоцна ќе стане комплетна легенда во секој можен аспект.

Почетокот за Шуми беше тежок во Ферари, тој цели 4 сезони мака мачеше да ја освои третата шампионска титула, но никако не му успеваше. Во 1996 година шампион беше Дејмон Хил, во 1997 година Жак Вилнев, а потоа две години по ред шампион беше Мика Хакинен.

Првата победа се случи за ГН на Шпанија по дождливо време, а интересно е тоа што Шумахер стартуваше од третата позиција, пред Хил и Вилнев.

Но Шумахер имаше ас во ракавот, болидот беше перфектно подесен за услови на дожд. И се разбира, вештината му помогна во голема мера за да дојде до првенец триумф со Ферари.

Навистина мислев дека денеска ќе победам, ова е навистина одличен ден за мене, затоа што тоа и го заслуживме, одработивме перфектно“, рече тогаш Шумахер.

loading...