Дел Пиеро за животната приказна во Јувентус: Првата ноќ во Торино..

943

Алесандро Дел Пиеро, раскажа дел од неговата приказна кога прв пат заиграл за Јувентус, односно првата вечер откако потпишал професионален договор со „Старата дама“.

Дел Пиеро не крие дека бил огромен фан на Јувентус и пред да го потпише договорот, но дека потоа неможел дури и да заспие од преголема возбуда.

Мојата прва ноќ во Торино, ох, па неможев да заспишам, моите очи беа отворени, а јас дури бев и голем фан на Јувентус. Тоа беше момент со тотална еуфорија во мене, не спиев многу првите неколку дена. На почетокот ми беше малку тешко, но моите тогашни соиграчи многу ми помогнаа. Ја најдов вистинската атмосфера и сфатив дека сум во најдобриот клуб со најдобри играчи“.

„Кога го потпишував договорот со Бониперти? Кога бев поканет да го посетам Јувентус во Удинезе, ми советуваа да ја скратам косата. Потоа јас и мојот агент имавме план што да му кажеме кога прв пат ќе се сретнеме, влеговме во канцеларијата на Бониперти, и тој во 4-5 минути ми рече, ова ти е договорот, потпиши го! Ми беа потребни само неколку минути за да речам, „Ова е добар договор“, раскажува Дел Пиеро за неверојатното искуство во кариерата.

Дел Пиеро во Јувентус пристигна од Падова, а по Јувентус уште играше и за Сиднеј од Австралија и Делхи.