Дебакл на Хамилтон, Ботас на пол-позицијата

735

Финскиот возач Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос.

Тој го извозе најбрзиот круг на денешните квалификации со време од 1:08,322 минут, а друштво од првиот ред ќе му прави Себастијан Фетел на Ферари. Тотален дебакл доживеа Луис Хамилтон кој ќе стартува од крајот затоа што за него квалификациите завршија пред да почнат.

Британецот ја загуби контролата над својот болид, излета од патеката и потоа удри во заштитната ограда. За него тоа е првпат да биде елиминиран во првиот дел од квалификациите по Големата награда на Белгија минатата година.