Дебакл на дамите: Хрватска ја совлада Македонија со 60 поени разлика!

887

Женската македонска кошаркарска репрезентација доживеа нов пораз во квалификациите за Евробаскетот во 2019. година, откако во СЦ „Јане Сандански“ беше декласирана од репрезентацијата на Хрватска со убедливи 47:108.

Хрватките дојдоа до втората победа, откако претходно ја совладаа Италија. Целосно доминираа на натпреварот, а разликата во класи беше повеќе од очигледна. Прашањето околу победникот беше решено веќе на полувремето, кога Хрватска имаше предност од 20:48.

Единствено Анжелика Митрашиновиќ во таборот на нашата репрезентација го водеше тимот, па да не беше таа којзнае како ќе завршеше натпреварот. На крајот таа постигна повеќе од половина поени на нашата репрезентација.

Хрватските кошаркарки ја користеа нашата лоша реализација, па од минута во минута само го зголемуваа своето водство. За цело едно полувреме успеаја да дадат само 20 поени, додека во третата четвртина малку се консолидираа па успеаја да постигнат 19 поени. Сепак, на крајот мораа да прифатат убедлив пораз од дури 61 поен разлика.

Митрашиновиќ натпреварот го завршис со 24 поени, 7 скока и три асистенции, додека на спротивната страна Мишура беше најдобра со 22 поени.

Следниот меч од квалификациите го играме во среда на гости кај Италија, додека Хрватска и гостува на Шведска.