Дебаклот е комплетен: Ѓоковиќ падна на третото место, може да биде и четврти

881

Некогаш најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го заврши “Ролан Гарос” најмалку третопласиран на АТП листата.

По денешниот дебакл од Доминик Тим во четврфиналето, тој ја загуби титулата освоена лани, а со тоа загуби и 1.640 бода. Надал денеска обезбеди пласман во полуфиналето и заработи најмалку 630 бода и го искористи киксот на Србинот, па дојде до голема промена. Надал ќе скокне најмалку две места, додека Ѓоковиќ во моментов е трет на листата. Ако Вавринка стигне до финалето во Париз, тој ќе го зголеми своето конто за 480 бода, па и тој ќе го помине Ѓоковиќ што значи дека Србинот може да биде четвртопласиран на крајот од овој турнир.

Како и да е, ова ќе биде најслаб пласман на АТП листата на Новак Ѓоковиќ барем во последните шест години. Последен пат, трет бил на 7 март 2011 година. Ако и Вавринка успее да го помине, тоа ќе биде најслаб пласман на Србинот од 12 октомври 2009 година.

Моментален изглед на АТП листата
loading...