Два гиганти веќе подготвуваат супер-понуди за Роналдо: Едната 140, другата 210 милиони евра

9331

Најавата на португалските и шпанските медиуми дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид ги кренаа на нозе европските фудбалски гиганти.

Јасно е дека не може секој да си го дозволи еден од најдобрите фудбалери на денешнината, но два клуба веќе почнале да подготвуваат понуди за него. Станува збор за ПСЖ и Манчестер Јунајтед кои се единствените финансиски моќници што можат да влезат во трката.

Неофицијално, уште за време на средбата во Кардиф, ПСЖ понудил 140 милиони евра отштета и годишна плата од 30 милиони евра за Роналдо. Францускиот вицешампион бара наследник на Златан Ибрахимовиќ, а кој би бил подобар од најдобриот голгетер во Лигата на шампионите последните сезони.

Понудата од Манчестер Јунајтед е малку покомплицирана. Таа вреди 210 милиони евра, но во неа е вклучена размена меѓу Реал и Јунајтед во која би влегле Мората и Де Хеа. Најголема пречка за остварување на овој трансфер е Жозе Мурињо кој не е во добри односи со Роналдо, но заеднички агент им е Жорге Мендес и поради тоа можеби ќе се најде заеднички јазик.