Дамјан Стојановски повторно ќе војува со „штрковите“

554

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски, од денеска повторно е дел од таборот на МЗТ Скопје, откако беа договорени личните услови за едногодишен договор.

Ова всушност е и продолжување на неговиот престој во сино-белиот табор по едногодишната пауза, која 29-годишниот бек беше приморан да ја направи по повредата на лигаментите на десното колено за време на репрезентативните настапи во ланските квалификации за ЕП 2017.

Претходно, уште од 2012 година, Стојановски беше член на „металците“ со кои дојде до четири шампионски титули (2013-2016) како и пет пехари во Купот на Македонија.

Освен Марко Симоновски и Адем Мемиќ, е третиот репрезентативец кој ќе биде дел од МЗТ Скопје.

Но освен ова, од денеска МЗТ Скопје има и нов тренер, станува збор за Александар Тодоров.