Дамјановски преку Мавровскиот меморијал обезбеди „А“ норма за Олимписките игри во Пјeонгчанг

1233

Македонскиот нордиски скијач на трката на 10 километри на Мавровскиот меморијал си обезбеди „А“ норма за Зимските Олимписки игри во Пјeонгчанг.

Дарко Дамјановски со тоа е првиот македонски спортист што засега ја има обезбедено „А“ нормата за настап во Пјeонгчанг, Јужна Кореја.

Дамјановски на патеката од 10 километри ја заврши со време од 20:44.5 минути, што на крајот му донесе четврто место во генералниот пласман.

Сепак, мора да се напомене дека Дамјановски засега ја има обезбедено „А“ нормата, но квалификациите за Зимските олимписки игри траат до 2018 година.

За Дамјановски Олимписките игри во Пјeонгчанг би биле четврти во кариерата, откако претходно се појавуваше во Торино (2006), Ванкувер (2010) и Сочи (2014).