Давитков по отказот: Клубови имало многу и ќе има, но Македонија е ЕДНА!

381

Јорданчо Давитков по пат на социјалните мрежи се огласи по отказот од тимот на Банијас клуб од Абу Даби.

Нашиот актуелен селектор притоа истакна дека да може да бира, повторно би го одбрал истото, а тоа е Македонија која за него е повеќе од било кој клуб.

„Клубот може да го раскине договорот бидејќи сум бил да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Ок го почитувам тоа. Но и сег пак да треба да одлучува, одлуката ќе биде ИСТА. Клубови имало многу и ќе има уште, но репрезентацијата на Македонија е ЕДНА“; напиша Давитков.