Давитков го објави поширокиот список: Со Антиќ и Мекејлеб во претквалификациите!?

826

Македонската кошаркарска репрезентација кон крајот на овој месец ќе ги започне претквалификациите за Европското првенство кое на распоредот на ФИБА е закажано за во 2021 година.

Селекторот на нашиот национален тим, Јорданчо Давитков, го објави поширокиот списокот на кошаркари повикани за првиот тренинг, кој ќе се одржи на 19. ноември (недела) со почеток во 17:00 часот, во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Интересно, на истиот се најдоа и Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб.

Првиот натпревар го играме на гостински терен, против Словачка, на 23. ноември. Вториот натпревар (од овој прозорец) го играме три дена подоцна, на домашен терен, против Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“.

Перо Антиќ (Црвена Звезда)
Војдан Стојановски (Бујукчекмече)
Ѓорѓи Чековски (Работнички)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Стојан Ѓуроски (Карпош Соколи)
Марјан Јанески (Куманово)
Димитар Караџовски (Куманово)
Александар Костоски (Питешти)
Бојан Крстевски (Работнички)
Андреј Магдевски (Фени Индустри)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Меќиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Илирија)
Кирил Николовски (Карпош Соколи)
Предраг Самарџиски (Мега Бемакс)
Дарко Соколов (Карпош Соколи)
Бобан Стајиќ (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Диме Тасовски (Гостивар)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Лестер Бо Мекејлеб
Ричард Хендрикс (Галатасарај)
Џордан Теодор (Олимпиа Милано)
Марко Дујковиќ (Блокотехна).