Гудмундсон: Доведете ми го тој Меси

859

Исланд по првпат ќе игра на едно Светско првенство, а во Русија во групната фаза за противници ќе ги има селекциите на Аргентина, Хрватска и Нигерија.

Иако ждрепката не помина нималку добро за „рибарите“, но веќе во редовите на исландската репрезентација владее еуфорија за она што ги очекува, нешто за што сведочи и изјавата на крилниот играч, Јохан Берг Гудмундсон.

„Доведете го тој Меси“, храбро и низ смеја изјави членот на Барнли, коментирајќи го ждребот и продолжи:

„Пласманот нанашата селекција на СП претставува голема работа за Исланд. Ние сме најмалата нација кој избори пласман и за сите нас тоа е посебен момент. Знам дека до почетокот на Мундијалот има многу време и сите мора да се концентрираме на клупските обврски, меѓутоа едвај чекам на почеток на турнирот и првото коло против Аргентина. Секако, Аргентина ќе биде фаворит во тој меч, ќе се браниме 95 % од времето, но ќе пробаме и да изненадимеи“; изјави Гудмундсон: