Грчкото дерби во Евролигата за ПАО, Фенер лесно против Бросе Баскет

149

Кошаркарите на Панатинаикос остварија многу тешка и важна победа против нивниот градски ривал, против кошаркарите на Олимпијакос.

Соочени со некомплетен состав и неколку повредени играчи, Олимпијакос излезе на мегдан против нивниот вечен ривал ПАО и притисокот си го направи своето па забележаа пораз (62:70).

Еден од најзаслужните за победата на ПАО беше Гист кој запиша 15 поени, додека во редовите на Олимпијакос најдобар беше Стерникс со 18 поени.

Што се однесува до Фенербахче, момците предводени од Обрадовиќ, остварија очекувана и сигурна победа против Бросе Баскет со 57:80. Весели беше најдобар во турскиот претставник со 15 поени, а го следеше Датоме со 12 поени, кај Бросе Баскет најдобар беше Рубит со 12 поени.