Грција направи скандал на ЕП во Скопје

1361

Грчката женска ракометна селекција направи скандал на денешниот дуел со Македонија во рамките на Групата А на континенталниот шампионт за натпреврувачки до 17 години кој вчера започна во Скопје.

На загревањето во СРЦ Кале се беш во ред, се додека не дојде времето на старт на дуелот. Тогаш нашиот јужен сосед одлучи да се повлече, но по убедувањето на официјалните лица од ЕХФ и нашата ракометна федерација, сепак се врати на теренот.

Грците инаку протестираа поради маичките со натпис Македонија кои ги носат членовите на нашиот стручен штаб.

По половина минута од означување на стартот на натпреварот, грчката селекција повторно се повлече во соблекувалните, бидејќи маиците не биле сменети и облечени други неутрални. Судиите чекаа согласно правилата 15 минути,  а откако тие одлучија да не се вратат, Македонија со службен резултат го доби овој меч.

Тоа значи дека нашите јуниорки со победа го стартуваа Европскот првенство, кое до 6.август се одржува во СРЦ Кале.

По овој инцидент се очекува и реакција на ЕХФ, која би требало да ја санкционира Грчката ракометна федерација за мешање на политиката во спортот.