Грција загуби од ЕХФ поради скандалот на ракометниот меч со Македонија

1332

Судот за спортска арбитража во ЕХФ, беше дециден околу ставот за ситуацијата со грчката ракометна федерација, за направениот скандал на мечот против младите ракометарки до 17 години, каде го напуштија мечот, со што ја отфрлија жалбата на Грција дека биле престрого санкционирани.

Нашите јужни соседи се докажани плачковци кога пред нив стои зборот Македонија, па својствено на тоа, реагираа остро и на споменатиот меч на ракометарките на двете земји, па поради тоа што нашиот стручен штаб имало означи Македонија, и тоа им засметало, па ја напуштиле салата, за што ЕХФ подоцна ги казни парично и им ја додели победата на нашите ракометарки по службен пат.

ЕХФ со вакви ставови испраќа јасни сигнали дека сака да ја разграници политиката од овој спорт.