Грузија пресилна за младите кошаркари на Македонија

679

Вториот меч за младите кошаркарски репрезентативци на Македонија на ЕП до 20 години, не помина славно, тие се убедливо поразени од селекцијата на Грузија со 78:48.

Уште на почетокот од оваа средба Грузија најави дека е поквалитетна и дека ќе оди на победа, неизвесен беше само конечниот исход.

Грузија до полувремето имаше веќе убедлива предност (37:24), по што најавија убедлива победа. До крајот на натпреварот, нашите млади кошаркари немаа сили да се надигруваат, па дополнително паднаа во ритамот, за на крај да загубат со -30.

Андреј Маслинко беше најефикасен кошаркар во репрезентацијата на Македонија со 15 поени.