Грожан: Знам дека Хамилтон е во борба за титула, тој ме блокираше, а ФИА го заштити

2553

Роман Грожан е уверен дека на денешните квалификации за ГН на Британија, судиите задолжени за правилата во овој спорт, му прогледале низ прсти, само поради тоа што е во најтесен круг за освојување титула и годинава.

ФИА уште за време на квалификациите објави дека ќе го разгледува инцидентот помеѓу Луис Хамилтон и Роман Грожан, кој тврди дека Хамилтон го блокирал во Q3.

Судиите во својот извештај напишаа дека Грожан би бил потенцијално погоден од присуството на Хамилтон, но дека Британецот не сакал никого да закочи и блокира.

„Ме изненади реченицата „возачот позади не беше блокиран. Ако губењето од 0.35 до 0.4 секунди не е блокирање, тогаш јас сум многу изненаден. Мислам дека тоа отвара простор за неуредни и нефер квалификации, а правилата се јасно. Знам дека се одвива борба за титула со други возачи, но ние сме во позиција да се бориме исто како и водечките пилоти за врвот, а јас денеска бев попречен. Како да го кажам тоа? Доколку се работеше за друг возач, верувам дека можеше да добие казна“.

Кога Грожан по квалификациите беше прашан дали смета дека Хамилтон е заштитен од судиите, францускиот возач беше јасен:

Борбата за титулата е прилично јасна“, се надоврзал Грожан.