Гризман се охрабри и конечно проговори: Сонувам да играм со двајца одлични играчи во ист тим

2056

Еден од најдобрите десетина играч во Европа, Антоан Гризман, кој се уште игра за Атлетико Мадрид, а медиумите честопати шпекулираат дека прашање на време кога тој ќе се пресели во друг клуб, можеби неговата последна изјава го дава одговорот на тоа прашање.

Ѕвездата на „душекџиите“ и француската репрезентација набрзо би можел да стане нов член на ултра моќните ПСЖ кои прават пеколна екипа, со која сакаат да ја освојат ЛШ.

Гризман има договор со Атлетико до 2022 година, но со оглед на тоа што се случи со Нејмар и како така лесно беше платена за него откупната клаузула од цели 222 милиони евра, не треба ништо да не чуди, па и доколку за рекордна сума идното лето Гризман се пресели во Париз.

Сонувам за напаѓачка тројка со Нејмар и Мбапе, се разбира!“ им открил Гризман на медиумите во Шпанија.

Гризман неодамна откри и дека на фудбал менаџер, игра со францускиот клуб Марсеј, кој му се гледал посебно интересен.