Грешка или намера: Ријека го потпиша македонскиот репрезентативец Жута како – Швеѓанец

1278

Македонскиот репрезентативец Леонард Жута го продолжи договорот со Ријека на уште една година.

Во период кога голем број фудбалери го напуштија актуелниот хрватски шампион, Жута одлучи да остане и да му помогне во тешките моменти. Но, интересна е објавата на Ријека која за македонскиот репрезентативец во официјалната информација за продолжувањето на договорот напушта дека – Швеѓанец.

“ХНК Ријека ја активираше опцијата за продолжување на договорот со шведскиот интернационалец Леонард Жута кој ја заработи довербата на нашите навивачи со својот пожртвуван пристап на теренот”, пишува на интернет страницата на клубот.

Леонард Жута е роден во Гетеборг пред 25 години од албански родители и има шведско државјанство со кое е пријавен и во Ријека за да не зафаќа место на странски фудбалер. Но, од јуни 2015 година тој е македонски репрезентативец и за нашиот национален тим има 15 настапи.