Грандиозно признание – октоподот Арпад Штербик е МВП

2628

По освоената круна во Келн, победувајки го моќниот ПСЖ со 24:23, на ред беше доделувањето на наградите за најдобрите поединци.

Како што и се претпоставуваше, МВП наградата отиде во рацете на фантастичниот Арпад Штербик, кој беше еден од темелите за овој грандиозен успех на РК Вардар, најголем успех во нивната клупска историја.