Го протераа од клубот бидејќи навивал за Јувентус

493

Искусниот руски интернационалец, Павел Погребњак е слободен фудбалер откако Динамо Москва му го раскина договорот.

Причините за ова се тоа што фудбалеро на 9. декември минатата година наместо да настапи во дуелот против Анжи, отпатувал за Торино да го гледа мечот од Серија А помеѓу Јувентус и Интер.

„Клубот спроведе истрага и заклучи дека Павел Погребњак на денот на мечот против Анжи бил во Торино. Ги прекраши правилата и договорот со него ќе биде раскина иако требаше да трае до јуни оваа година“, изјави од клубот.

Погребњак во Динамо Москва пристигна на лето во 2015 година од редовите на Ридинг. Одигра само 29 официјални дуели на кои постигна само еден гол. Сезонава забележа само еден настап.