Го освоија купот „Pavaresia“ во Албанија, следна цел им е ПМФЛ

221

Иако се нови во фудбалот, само три години од нивното формирање, сепак ФК Струга триумфираше на турнирот во Албанија, каде беше поканета и го освои 9-то по ред натпреварување во таа земја.

Стружани го освоија купот „Pavaresia“, во конкуренција на уште две екипи од Албанија и една од Црна Гора.

Инаку ова беше деби настап за оваа екипа на споменатиот турнир во Албанија. Во финалето Струга го совлада црногорскиот тим Улцињ на пенали.

На овој куп прв пат сме поканети. Ова е секако голем плус за нас, и мотив да се бориме за влез во првата лига во Македонија, што исто така е наша главна цел“, порача капитенот на Струга, Ардит Шаќири.