Го одби Милан и италијанската репрезентација, сега се знае што чека Анчелоти

2461

Карло Анчелоти ја одби можноста да се врати на клупата на Милан, но не е заинтересиран и ниту да го замени Вентура на клупата на националниот тим.

По отказот во Баерн Минхен се наметунува прашањето кој ќе биде следен чекор на италијанскиот стратег. Се зборуваше дека нема да и оддолее на понудата од Кина, но и тоа како и враќањето во татковината отпадна, па се чини дека Анчелоти чека вистинско време да се врати во Премиер лигата.

Најреална опција да се врати на кормилото на Челси, доколку најавите се оставрат, односно Конте се замине по две сезони. Толку треше и Анчелоти кај “сините“ со кои во првата сезона ја освои двојната круна, но доби отказ бидејќи во втората остана без трофеи.

Втората можност е Ливерпул, каде многу скоро Клоп би останал без работа, бидејќи германскиот стратег се споменува и како нов тренер на Баерн Минхен.

Теретата е Арсенал, подолго време се зборува за заминување на Венгер, а “топџиите“ ќе сакаат некој искусен стратег да го наследи Французинот.

Она што е сигурно е дека Анчелоти нем да прифати работа на срдината од сезоната, затоа и си даде едногодишна пауза, но нема да се нафати на работа во помалите екипи, како Вест Хем, Евертон итн.