Го елиминираа Фенербахче, а ги наполнија среде Скопје со „шестка“ – Каде е тој борбен Вардар?

385

Вардар вчера беше високо поразен на домашен терен во рамките на 3. коло од групната фаза во Лига Европа, од далеку по реномираниот противник од Шпанија, Реал Сосиедад, со 0:6.

„Црвено-црните“ тотално се загубија во натпреварот, иако имааа при резултат 0:1, зрела шанса да изедначат, и натпреварот да го однесат во некој сосема друг тек. Но среќата не ги посака, по натпреварот отиде во катастрофа за домаќините.

Навивачите свесно се прашуваат што се случи од оној Вардар, кој го елиминира Фенербахче во квалификациите за ЛШ, до Вардар кој тотално разочара против Реал Сосиедад.

Што се случи во толку краток период што Вардар не успева да ја врати таа препознатлива форма и упорност која ја имаше претходно во квалификациите.

И покрај се, самиот пласман во групите за Вардар е успех, но не би било лошо и да се освои некој бод како првенец за оваа сепак, успешна европска сезона за Вардарци.