Готово: Јуве договори две засилувања за 12 часа, но тука не е крајот

2386

Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерот на Лацио ги договори сите услови со Јувентус.

Фудбалерот на Лацио Кеита Балде постигна договор со Јувентус, шест месеци пред истекот на договорот со римскиот клуб, потврдија италијанските медиуми, но тоа не е се.

Претходно клубот го договори и чешкиот напаѓач Патрик Шик, а трансферот го потврди и неговиот досегашен клуб Сампдорија

Макс Алегри бараше засилувања по крилата, и сега Јувентус не работи само на доведување на Даглас Коста, туку и уште двајца играчи.

Тоа би можело да значи заминување на Квадрадо, за кого е одбиена понудата на Арсенал од 25 милиони евра, но за Колумбиецот интерес покажуваат голем број на клубови.

Јуве планира да потроши 50 милиони за Даглас Коста и уште толку за Бернардески со што би ги решиле прашањата на крилните позиции.

Првиот човек на Лацио е бесен на Јувентус, но може да го загуби Кеита следното лето без никаква оштета. Останува да ја прифати понудата на Јувентус која вклучува пари плус Стураро.

Лотито се договори со Милан околу Кеита, но играчот не сака да оди меѓу „Росонерите“, само во Јувентус и веќе ги договорил личните услови со „Старата дама“.