Готово е, Јунајтед претстојнава недела ќе го претстави првото засилување

7438

Изгледа дека се чекаше официјалниот крај на клупската сезона за Манчестер Јунајтед да тргне во акција на претставување на новите играчи.

Според британските медиуми, прво засилување за актуелниот освојувач на Лигата Европа ќе бидешведскиот репрезентативец Виктор Линделоф. Наводно, се е веќе договорено и она што се шпекулираше претходните денови добива официјална потврда. Јунајтед на Бенфика ќе и исплати 30 милиони евра, а Мурињо ќе ја исполни својата голема желба.

Мошне интересно, своето деби на официјален натпревар во дресот на Јунајтед, Линделоф ќе го има на 8 август во Скопје.