Готово е: Јунајтед и Интер се договорија за Перишиќ, трансферот до среда

5552

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ најдоцна до среда ќе биде нов играч на Манчестер Јунајтед, тврдат англиските и италијанските медиуми.

Преговорите за него се водат веќе подолг период, но во текот на викендот се финализирани и Јунајтед ќе му плати на Интер 45,7 милиони евра. Перишиќ се сели на Олд Трафорд на инсистирање лично на Жозе Мурињо кој го посочил како една од најголемите желба во летниот преоден рок.

Во текот на викендот хрватскиот репрезентативец ги напушти подготовките на Интер поради наводни проблеми со забите и замина во татковината. Ако нема други пролонгирања, својот прв натпревар во дресот на Јунајтед, Перишиќ ќе го одигра на 23 јули против Реал Мадрид во Сан Франциско. Официјалното деби, пак, ќе му биде во Скопје на 8 август во рамките на Супер купот на УЕФА.