Готово е: Ѓорѓевиќ ја напушта српската репрезентација

817

Прославениот српски стручњак Александар Ѓорѓевиќ ја напушта селекторската позиција во својата репрезентација по овогодишното Европско првенство, тврди неговиот колега Светислав Пешиќ.

Ѓорѓевиќ беше предводник на националниот тим од 2013 година и со него освои по еден сребрен медал на Европското првенство 2015 и ланските Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Оваа година е еден од фаворитите на континенталниот шампионат, но тоа, изгледа ќе биде последниот настан на кој на клупата ќе биде Ѓорѓевиќ.

“Колку што знам, кога ќе заврши Европското првенство, тој нема да биде селектор и нема повеќе да се занимава со репрезентативна кошарка, туку 100% ќе му се посвети на Баерн. Повторувам, колку што сум јас информиран. Има обврска да ја води Србија на Европското првенство, а потоа…”, изјави Пешиќ.

Од Ѓорѓевиќ уште нема реакција на оваа најава, а не се огласил ниту Кошаркарскиот сојуз на Србија.