Готово е: Најдобриот заминува во пензија!

406

Најдобриот скијач во историјата Боде Милер одлучи да стави крај на својата професионална кариера.

Неодамна тој го прослави својот 40. роденден, а последната трка ја возеше пред 2,5 години. Постојано се навестуваше дека ќе се врати на патеките, но тоа не се случи.

„Готово е! Кариерата ми беше долга и повеќе не го мечтаам за скијање”, рече Милер.

Тој се натпреваруваќе 16 години и оствари 33 победи во Светскиот куп. а е само еден од петте скијачи кои победиле во сите пет дисциплини. Светскиот куп го освои два пати, четири пати беше светски првак, а има и едно олимписко злато.