Готово е: Борбата на векот договорена!

656

26.август е терминот кога американскиот боксер и ирксиот УФЦ борач ќе се соочат во Лас Вегас. Борбата не векот се најавуваше долго време, а официјално беше потврдена ноќеска на Твитер профилите на двајцата учесници.

Мејведер пред две години одлучи да престане со професионалното боксување откако немаше пораз по 49 борби со што го израмни рекордот на легендарниот Роки Марчијано.

Мекгрегор никогаш професионално не се занимавал со бокс, но откако доби лиценца за боксување одреден период го предизвикуваше Мејведер да ги одмерат силите.

Со престојниот спектакл се поврзани и оргомни финансиски средства, бидејќи борачите јасно ставија до знање дека нема да влезат во рингот за заработка помала од 100 милиони долари. Голем дел од вложение пари за мечто во МГМ арената, се очекува да бидат вратени и од ТВ правата, поради огромниот интерес за дуелот на Мејведер и Мекгрегор.

loading...