Готово е: Алексис Санчез се сели во Сити

1780

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес повторно ќе работи со Пеп Гвардиола, тврди Марка.

Преговорите за него, наводно, се завршени и тој следниве денови ќе биде претставен на Ел Итихад. Неговиот договор со Арсенал истекува на крајот од сезонава и “топчиите” беа принудени да го продадат за да заработат нешто.

Сумата за која ќе се пресели во Сити не е објавена, но се шпекулира дека ќе изнесува меѓу 35 и 40 милиони евра.