Гори Пиреа: ПАО го „крши“ Олимпијакос, на теренот хаос, во моментов прекин.. (Видео)

2753

На вечното кошаркарско дерби во Грција помеѓу екипите на Панатинаикос и Олимпијакос е секогаш напнато и тензично, а вечерва е и драматично.

Во моментот има прекин на натпреварот и тотална мешаница на терен, откако беа фрлени повеќе пиротехнички средства, петарди и бакли блиску клупата на една од екипите, по што судијата досуди прекин, а натпреварот е уште во прекин.

Не се знае дали ќе биде прекинат натпреварот, а во моментов убедлива предност на 2 минути пред крајот на натпреварот има Панатинаикос (49:66), а познавајки го податокот дека се игра во Пиреа, каде ПАО и не е баш некоја омилена екипа, по вакво убедливо водство, можеби и очекувана беше слична ваква реакција на Пирејците.

loading...