Гордоста на Цетиње, ново признание за ракометар на Вардар

836

Вуко Борозан доби признание во своето родно Цетиње. Црногорскиот интернационалец кој мината сезона во Лигата на шампиони со Вардар стана европски првак, доби признаница од градоначалникот на ова место, кој истакна дека ракометарот на најдобар можен начин го претстваил својот роден град и уште еднаш докажал дека од него знаат да се изродат исклучителни таленти.

Вуко Борозан освен европскиот пехар со Вардар, ја освои и двојната круна во Македонија , како и СЕХА лигата. На сето тоа се надоврзаа и успесите со селекцијата на  Црна Гора со која му претстојат настапи на Европското првество во Хрватска.