Гонзалес смета дека Вардар (не)потребно победил со поголема предност

1424

Вардар ја оствари 13. последователна победа во СЕХА натпреварувањето со вечерашниот триумф над Динамо Панчево.

По ова коло, Вардар е прв на табелата со максимални 21 бод, додека вечерашниот противник Динамо, е фенерџија на табелата.

По натпреварот, тренерот на Вардар, Раул Гонзалес истакна дека е задоволен од играта, иако смета дека неговата екипа има сериозен замор.

Сакам да им честитам на нашите денешни ривали, зашто Динамо играше добро. Ние имавме многу проблеми, во првото полувреме и не игравме добро. Не се чувствуваме добро, и кога игравме 5-1 одбрана со Кањељас напред. Немавме голема разлика, а Динамо играше добро. Во второто полувреме малку подобро игравме. Динамо до крај беа малку уморни и ние ја искористивме шансата. До крај требаше да биде 3-4 гола разлика, а не вака високо“, истакна Гонзалес.