Гонзалес: Присутен е заморот, но Вардар е фаворит и мора секогаш да оди на победа

716

Без разлика за каков и да станува збор натпревар, РК Вардар е европски шампион и секогаш оди на победа на секој меч, па така ќе биде и на следниот.

По одличното гостување кај Плинарите, РК Вардар нема многу време за губење, бидејки сега ги очекува пресметка во СЕХА првенството, против екипата на Динамо Панчево.

Вардар добрата форма ја потврди во Загреб, каде триумфираше против тамошната екипа, а сигурно и дека на следниот натпревар цел за „црвено-црните“ ќе биде победа.

Заморени сме од темпото, но јасно е дека ние сме фаворити и на секој натпревар одиме на победа. Вардар треба да победува на сите натпревари. Потребен ни е одмор поради интензивните натпревари и тренинзите, но фокусот на секој следен натпревар ни е приоритет. Сега ни следува меч од СЕХА лигата“, потенцира Раул Гонзалес.

Вардар против Динамо Панчево игра утре во „Јане Сандански“ со почеток од 17:45 часот.