Гонзалес: Пресреќен сум, Вардар е во одлична ситуација!

371

Вардар и денеска потврди зошто ракометна Европа ги гледа како евентуално нови шампиони во ЛШ, „црвено-црните“ и денеска минаа триумфално во ЛШ, овој пат совладувајки го Кристијанштад во Скопје со убедливи 31:15.

Вардар е единствената екипа што на сите натпревари во ЛШ, освојуваа бодови. Вардар го задржа првото место на табелата со 18 бодови и како лидери ќе ги дочекаат последните 4 кола од групната фаза.

По натпреварот тренерот Гонзалес го изрази своето задоволство од перформансите на неговите избраници.

Многу сум задоволен од она што го направивме на теренот против Кристијанштад. Минатата година истиот ривал одигра одлично во Скопје, но од тој дуел научивме многу исто како и од нивните средби против ПИК Сегед и Барселона и тоа ни помогна. Кристијанштад има одличен тренер и затоа можам да бидам задоволен. Среќен сум бидејќи сме во одлична ситуација“.

Прво место сме и тоа е одличен податок за нас пред паузата. Нашата одбрана беше одлична. Особено во второто полувреме бевме супер, а тоа ни отвори простор за контри. Моите играчи дадоа се од себе и тоа донесе победа“, констатира Шпанецот.