Гонзалес: Остварена победа против Кристијанштад, одбраната си ја заврши работата

273

РК Вардар ја оправда фаворитската улога на денешното гостување кај Кристијанштад, каде победија со резултат 26:23.

Со оваа победа Вардар ја зацврстува својата позиција на чело од табелата, а може да се констатира дека и составот на Вардар е надмоќен во дуелите против шведскиот претставник.

На пресконференцијата по натпреварот, тренерот Раул Гонзалез изрази задоволство од победата, посебно од одбраната, која била на висина на задачата.

Игравме добро во првото полувреме, и имавме водство од пет гола. Кристијанштад се млада екипа која игра брзо, и тоа го знаевме од почетокот. Малку послабо тргнавме во мечот, имавме негатива, но потоа работите си дојдоа на место. Нашата одбрана беше извонредна и заврши многу работа“.

„Црвено-црните“ следното коло во ЛШ гостуваат кај ППД Загреб.