Гонзалез го објави списокот за ЕХФ неделата, деби повик за Цветковски и кам-бек на Прибак

231
раул

Раул Гонзалез, селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија го објави списокот на ракометари кои се повика на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

Како и што беше претходно најавено, на овој собир нема да се одигра ниту една контролна средба, туку само ќе се воигрува.

Собирот е закажан за 23. октомври (понеделник) со почеток од 16:30 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, а ќе трае до недела (29. октомври).

На списокот за прват се најде голманот Јане Цветковски кој брани во Шведска, а кам-бек повик доби и Немања Прибак.

Комплетниот список на ракометари повикани од селекторот Раул Гонзлаез

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски