Гонзалез ги откри 28 адути на Македонија за ЕП во Хрватска

852

Раул Гонзалез, селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список од 28 ракометари за Европското Првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска.

На списокот нема поголеми изненадувања, а на листата на шпанскиот стратег се најдоа следните ракометари.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски