Гол маж го испрати Болт в пензија (ВИДЕО)

3728

Гол маж синоќа го проби обезбедувањето на стадионот во Лондон и истрча на тартанот непосредно пред финалето на трката на 100 метри на Светското првенство во атлетика.

Човекот истрча почесни 30-40 метри пред обезбедувањето да го фати и спроведе надвор од стадионот. Првиот нивен обид беше неуспешен. Човекот на своите гради имаше натпис: Мир + љубов.

Непосредно по инцидентот на патеката се појавија натпреварувачите на 100 метри, трка која беше последна во кариерата на Јусеин Болт.