Голманот на Флитвуд Таун ја доби најфраерската кладба со пицеријата Papa John’s

1297

Американската компанија и ланец на ресторани под името Papa John’s имале прелиминарен договор со голманот на Флитвуд Таун, Крис Нил дека доколку ја остави мрежата чиста на мечот со Лестер, ќе добие годишна бесплатна достава на пица секој ден.

Денешниот меч помеѓу Флитвуд Таун и Лестер заврши навистина без голови (0:0), со што сега им следува пеколен реванш на Флитвурд кај Лестер.

Но она што е најинтересно е дека голманот на оваа помала екипа, го доби облогот и во 2018 година, тој кога и да порача пица, за него тоа ќе биде бесплатно.