Голем удар за Формула 1 како што не памети одамна: Ферари сака да си замине…

883

Новите шефови на Формула 1 донесоа планови поврзани за моторот на болидите кој ќе се користи после 2020 годин. Ова беше повод да настане побуна кај Мерцедес и Рено, а најдалеку отиде најтрофејната екипа, Ферари.

„Во плановите на Либерти Медиа (компанијата која е нов сопственик на Формула 1) има неколку добри идеи од која една е и намалување на трошоците, што мислам дека е добро. Но со некои работи едноставно не се согласувам. Факт е дека ќе дојде до промена во стратешкиот развој и гледам дека Формула 1 од 2021 година ќе се промени, а тоа Ферари ќе го присили на донесување некои одлуки. Мора да биде апсолутно јасно дека ако не пронајдеме низа на решенија чија цел ќе биде корисна за одржување на пазарот и засилување на позицијата на Ферари, ние нема да учествуваме“, изјави претседателот на Ферари, Серџо Марчионе.

Во продолжени децидно и јасно првиот човек на италијанскиот тим порача:

„Отворено ќе кажам, не би ми било проблем ако останам запамтен како претседател кој Ферари го извел од Формула 1“.