Голем пад на македонската тенисерка: Ѓорческа се спушти за 31 позиција

825

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа голем пад на најновата ВТА листа објавена денеска.

Иако во последните две недели таа освои еден помал турнир, сепак се спуши за дури 31 позиција и во моментов е на 212. место. Сметајќи од 12 јуни, кога го оствари најдобриот пласман во кариерата, Ѓорческа е дури 42 позиции послабопласирана.

Нашата тенисерка оствари пад и во конкуренција на двојки и тоа за десет места, па сега е 140. позиција.